Градоначалникот на Општина Кривогаштани ги честита Велигденските празници

0
На најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден кога се слави победата на животот над смртта сакам да Ви упатам најискрени честитки за подобар живот, силна вера и љубов во семејството, како и градење на високи општествени вредности во Република Македонија.
Како што се сака верата, по која што нашиот Македонски народ е познат, Ве повикувам исто така да се сака и татковината и да направиме се за да се зачува нашиот територијален суверенитет и унитарен карактер.
Овие денови Ви посакувам да ги поминете во духовна и мирна атмосфера, исполнета со радост и среќа за христовото воскресение.
Христос Воскресе ! Навистина воскресе!
Share.

About Author

Leave A Reply