2017 година ќе биде интензивно работна за Центарот за развој на Пелагониски плански регион

0

И 2017 година ќе биде интензивно работна за Центарот за развој на Пелагониски плански регион. Шест нови проекти ќе бидат реализирани во наредниот период со вкупна вредност од над 400. 000 евра.

– Во општина Могила продолжуваме со регулирање на коритото на Црна река и нејзините притоки по течението на општините Могила, Новаци, Демир Хисар и Битола ( трета фаза).

– По реконструкцијата на двата регионални зелени пазари во Битола и во Прилеп, годинава ќе се реконструира и регионалниот зелен пазар во општина Демир Хисар.

– Во општина Долнени продолжуваат инвестициите со цел заокружување на регионалната туристичка понуда. Имено по проектот за Изградба на универзален отворен простор со придружни содржини за одржување на МФ “Пеце Атанасовски”, годинава ќе се реаизира и Реконструкција на затворен простор за одржување на настани од национален интерес.

Континуирано го градиме системот за противпожарна заштита во Пелагонискиот регион!

– За општина Крушево ќе се набави противпожарно возило за заштита на националното културно наследство и туристичките потенцијали. Противпожарното возило за Крушево е надополнување на системот за противпожарна заштита на регионот за кој во минатите години набавени беа: Противпожарно возило за Демир Хисар; 280 противпожарни хидранти за вода поставени во поодалечените планински села од Пелагонискиот регион; 96 комплети софистицирана спасувачка опрема за интервенција при појава на пожари за ТППЕ од Пелагонискиот регион; 50 инфо знаци за противпожарна заштита поставени во шумски подрачја на регионот.

Овие 4 проекти се финансирани од средства од Бирото за регионален развој на РМ за 2017 година.

Дополнително ќе реализираме уште 2 нови проекти финансирани од странски фондови и тоа:

– Превенција од поплави – зајакнување на регионалните капацитети

Со проектот ќе се набави специјализирано возило – багер ровокопач за чистење на канали, кој ќе биде достапен за сите Пелагониски општини. Проектот ќе се имплементира во рамки на програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти” (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects – GGP) основана од Владата на Јапонија.

И проектот, Паметно рурално претприемништво (Smart Rural Entrepreneurship) кој ќе се имплементира во рамките на новоотворената ЕУ Програма – Балкан Мед, во партнерство со 7 институции од Кипар, Грција, Албанија и Бугарија. Со овој проект ќе се унапредат услугите на бизнис центарот при ЦРППР. Со што ќе се нудат услуги за сите заинтересирани за претприемнички алатки, подготовка на апликации и бизнис модели за претприемништво во рурални средини.

12

Share.

About Author

Leave A Reply