Прочкарска смеа за секого 2017

0

Во организација на Општина Кривогаштани по осми пат се одржа манифестацијата „Прочкарска смеа за секого“, на која учествуваа голем број на ученици од основните училишта од општината, Најубавите маски беа наградени од страна на Градоначалникот Тони Заткоски.
Во Кривогаштани повеќе од 50 години се одржува Манифестацијата Прочкарска смеа за секого, но не со ваков карактер на организирање и изведување. Во претходниот период оваа манифестација луѓето само иницијативно изработуваа свои маски и самите без никаква организација но водени од традицијата, се собирале и ги покажувале своите маски на христијанскиот празник Прочка.
Целта на реализација на овој настан е зачувување на смислата на празникот преку кој се истакнува проштевањето како дело на љубовта , а љубовта е основа на христијанското живеење. Целта на празникот е со чиста душа да се започне велигденскиот пост. Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот со зборовите ,, Прости ми,, а тој одговара ,, Простено да ти е од мене и од Бога,,. Учесниците кои се од најмладата популација се облечени во најразлична костими и сите носат етно маски изработени од самите учесници а кои ја негуваат оригиналната македонска носија која се носела со генерации кај нашите баби и дедовци на територијата на нашата Општина. Исто така се изработуваат и не само етно маски и костуми кои се одлика на новото време.
Децата до 15 год. ги изработуваат нивните маски изразувајќи ја нивната креативност и инвентивност. Да не се заборави нашата култура која треба да се негува и да се пренесува кај нашите идни генерации. За потребите на оваа манифестација не постои работилница за изработка на етно маските, учесниците сами во своите домови ги изработуваат нивните маски.DSC06964 DSC06965 DSC06974 DSC06986

 

Share.

About Author

Leave A Reply