ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0

По завршувањето на зимската пауза денес продолжија градежните активности во општина Кривогаштани, каде фирмата БВ Инженеринг – Битола започна со реконструкција и адаптација на општинската зграда во Кривогаштани.

DSC06697DSC06691

Започнатите активности се однесуваат на рушење на постоечката внатрешна структура на надградбата која се наоѓаше во лоша состојба изложена на надворешни временски влијанија која со реализацијата на проектот ќе добие нова подобра и пофункционална поставеност на работните простории кои ќе добијат целосно нова опрема.

општинсака зграда

Исто така целосно ќе се промени покривната конструкција на надградбата на општинската зграда и заедно со надворешната термоизолациона фасада ќе се добие една модерна функционална административна зграда од современ карактер.

DSC06732

Целокупната инвестиција на проектот изнесува 16,000,000 денари или 260.000 евра средства обезбедени преку ИПА компонента – грант за подобрување на општинските услуги.

DSC06759

Покрај реализацијата на општинската зграда во истиот грант опфатени се уште два проекти, едниот за промена на уличното осветлување на регионалните патишта низ територијата на општината со нови лед светилки и третиот кој за недела дена ќе започне да се реализира е изградбата на нов модерен зелен и млечен пазар веднаш до новоизградениот сточен пазар, за да општина Кривогаштани го добие најмодерниот пазарен комплекс во државата.

зп1

DSC06795

Share.

About Author

Leave A Reply