„Културното наследство и културно-историските текови на територијата на Општина Кривогаштани: Предисторија и Антика“

0

МЕНЕЛАЈ – Прилеп и Општина Кривогаштани имаат чест да ве поканат на фото-изложба и предавање на тема: „Културното наследство и културно-историските текови на територијата на Општина Кривогаштани: Предисторија и Антика“. Овој настан е во склоп на проектот на МЕНЕЛАЈ – Прилеп: „НАШЕ“, чии главни цели се актуализација на културното наследство, зголемување на интересот и подигнување на колективната свеста за неговиот значај, како основни превентивни мерки за негова заштита. Покрај примарните цели, проектот претендира да придонесе во збогатување на културниот живот во Општините каде ќе се имплементира, со што и збогатување и подигнување на животниот квалитет.

„Културното наследство и културно- историските текови на територијата на Општина Кривогаштани: Предисторија и Антика“ е првиот настан во рамките на проектот „НАШЕ“. Како што сугерира и самиот наслов, присутните ќе можат да се запознаат со културолошките текови на територијата на Општина Кривогаштани низ предисторијата и антиката, а рефлектирани на познатите истражувани и неистражувани наоѓалишта на територија на Општината. Предавачите ќе се обидат, во кратки црти, да им ја доближат археолошката работа на присутните и начините и методите на извлекување заклучоци за заедниците од минатото. Ќе се говори за почетоците на населбински организираното живеење на овие простори, првите земјоделски заедници и трагите кои тие ги оставиле на територијата на Општина Кривогаштани, но и оние од подоцнежните предисториски епохи. Со посебен акцент на истражувањата од минатата година, на локалитетот Кале – Локвени пак, ќе се направи скок во периодот на антиката. Овој локалитет го привлече вниманието на археолозите, но и јавноста воопшто, а на овој настан, присутните ќе можат да се запознаат со самиот локалитет и првичните резултати добиени од спроведените истражувања. Настанот ќе биде проследен со изложба на фотографии од истражувањата на локалитетот Кале – Локвени, но и артефакти од останатите локалитети од Општина Кривогаштани.

Го очекуваме Вашето присуство.

место: Кривогаштани, Клубот на пензионери
датум: 03.02.2017 год.

време: 17:30

11

Share.

About Author

Leave A Reply