Православниот празник Богојавление или Водици прославен во Општина Кривогаштани

0

Така како што налага долговековната традиција врзани со Богојавленските обичаи, а согласно православната вера, денеска и во Општина Кривогаштани се фрлаше светиот крст. Во општината на седум места вклучувајќи го и Кривогаштани каде што се фрла светиот крст. Верниците ги посетија храмовите и бројот на верници кои се фрлаат по светиот крст од година во година е се поголем. Оваа година во Кривогаштани, најсреќен од сите верници во Кривогаштани беше 24 годишниот Христијан Момироски кој досега 9 пати има учествувано во фаќањето на светиот крст од кој три пати бил успешен, тој верува дека фаќањето на светиот крст ќе му донесе среќа и успех. Оваа година во Кривогаштани имаше пет домаќини на овој празник од кој еден од нив е и Општината. Во седумте населени места каде што се фрлаше светиот крст општината имаше испратено свои претставници кои на среќните  им додели по една икона од светецот Св. Јован. А во Кривогаштани, Градоначалникот Тони Заткоски на среќниот фаќач на светиот крст му додели златен крст и икона од св. Јован, а додека домаќините златна паричка. Градоначалникот на сите верници им го честиташе празникот посакувајќи им многу здравје, среќа и многу успеси на сите полиња.

Бог се јави! Навистина се јави!

https://youtu.be/4Jv1l3x68wE

Share.

About Author

Leave A Reply