Доделување на награди за конкурсот „ЕКО ТУТУН“

0

Согласно Програмата на одделението за Јавни дејности општи правни работи за 2015 г. на општина Кривогаштани (Службен гласник на Општина Кривогаштани бр.17/2015год. ), во соработка со МЦМС објави : КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА/ТВОРБИ ОД РЕЦИКЛИРАЧКИ ОТПАД НА ТЕМA „ЕКО ТУТУН“.  Целта на конкурсот е да се зајакне свеста кај децата и нивните родители (на индиректен начин) и кај целокупната јавност воопшто за потребата за рециклирање на предметите кои се употребуваат при производството на тутун. Со тоа би се подигнало нивото на свест и би се намалил отпадот кој ја загадува животната средина по завршувањето на тутунските активности секоја сезона. Конкурсот посебно ќе се фокусира на мотивирање на децата да го прикажат тутунот и активностите во истиот преку повторно искористување и рециклирање на материјали од типот на ПВЦ фолија/најлон, пластика, остатоци од скелиња, конец, саргии, заштитни одела, нараквици, картони, кукачки и сл. Истовремено, конкурсот влијае на јакнење на свеста кај родителите и самите деца околу намалувањето, односно елиминирањето на детската работа во процесот на тутунопроизводството. Право на учество имаа сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Кривогаштани. На Конкурсот можеше да учествуваат само тимови/групи од по 5 до 7 ученици. Доставените уметнички творби од рециклирачки отпад требаше да бидат на зададената тема предмет на овој конкурс. Учесниците на конкурсот се појавуваа под шифра. Право на учество имаа оригинални творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси. Секоја група/тим имаше право да учествува со по еден труд. Изборот на најдобрите творби го изврши жири комисија за оценување на трудот. Жири комисијата даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа изготви извештај со листа за наградени тимови. За резултатите наградените тимови писмено се известени од страна на жири комисијата. Наградите се во материјална форма (книги, штафелај прибор за цртање и друг училишен прибор/опрема). Наградените творби останаа во сопственост на Општина Кривогаштани. Општина Кривогаштани го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените трудови за некомерцијални цели. Со најдобрите трудови, општина Кривогаштани ќе организира промоција и изложба како збогатување на културната понуда во Општината.

На 20 декември беше извршена промоција и доделени наградите на прво освоените места по категории во спортската сала во ООУ Манчу Матак Кривогаштани. На настанот присуствуваше Градоначалникот Тони Заткоски, Димче Митрески од МЦМС и други претставници од други тутунски здруженија кои на првонаградените им ги доделија наградите.

tutun1 tutu2 tutun

Share.

About Author

Leave A Reply