ЗАПОЧНАА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ. МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ

0

Денес започнаа подготвителните активности за асфалтирање на вториот дел од улицата Македонски Просветители во Кривогаштани. После речиси двомесечни работни активности дојде до финализирање на реализацијата на проектот кој опфаќа атмосферска канализација, тротоари и асфалтирање на вториот дел од оваа улица која поминува помеѓу зелениот и сточниот пазар во Кривогаштани.

Со завршувањето на реализацијата на овај проект ќе се добие една целина на модерно уредена улица, една од повеќето кои веќе се реализирани низ општината. Исто така со проектот се уредува пазарното подрачје во Кривогаштани каде за скоро време ќе започне да се гради новиот зелен и млечен пазар.

15645190_1354482401229935_1457822366_n

Share.

About Author

Leave A Reply