Известување во врска со постапката за легализација

0

 

                                                         И З В Е С Т У В А Њ Е

Во врска со постапката за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени на територијата на Општина Кривогаштани ЛЕГАЛИЗАЦИЈА, Општина Кривогаштани постапувајќи во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. Весник на РМ бр.  23/2011, 54/2011, 155/2012, 53/2013, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015, 217/2015 и 31/2016),

Ве известува за следното:

Доколку имате поднесено Барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, а немате доставено Геодетски Елаборат  за утврдување на фактичка состојба на бесправниот објект, потребно е истиот да го доставите до општината заклучно со 31.12.2016 година, кога истекува законски предвидениот рок.

Во спротивно, надлежниот орган од општината ќе ги одбие Барањата за утврдување на правен статус кои не се дополнети со геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, во согласност  со законот.

Општина Кривогаштани

Share.

About Author

Leave A Reply