ВО КРИВОГАШТАНИ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА СПОРТСКА САЛА

0

За прв пат во историјата од постоењето на општина Кривогаштани, ова населено место, како и училиштето „Манчу Матак“ добиваат спортска сала. Инвестицијата чини 24 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука. Од Министерството велат дека за изградба на спортски сали досега имале инвестирано 30 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=xCPvekmgFro

„Ова е веќе 66 спорстска сала која на ниво на Македонија ја изгради Министерството за образование и наука. Заедно со спортските сали кои ги градии Агенцијата за спорт и млади ова е 96 спортска сала која што како Влада ја изградивме во изминатииве неколку години. Навистина сум многу среќен затоа што ако се навратиме пред еден период кога дојдов тука во посета на општина Кривогаштани, заедно со градоначалникот како изгледаше училиштето, а денес имате ккомплетно реновирано енергестки ефикаксно училиште, спортска сала, детска градинка, спортски комплеск веднаш до ова училиште, сето ова говори само за сериозноста на Владата и општината што го прават за населението тука“, рече Спиро Ристовски, зам. министер за образование и наука.

Спортската сала се градеше точно една година. Со оваа инвестиција значително ќе се подобри спорстката инфраструктура во оваа општина, а бенефиит ќе имаат сите жителии на општината.

„Ова е втор поголем спортски објект што се отвора во последниве три години во општина Кривогаштани. Прво се изгради повеќенаменското спортско игралиште, кое е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт и ова е вториот објект, училишна спортска сала, која што ќе ги задоволува потребите на 400 ученици на ОУ „Манчу Матак“ и подрачните основнии училишта на ова училиште, со тоа што овој бенефит ќе го користат не само учениците од нашата општина туку и повозрасните структури, бидејќи планот е таков да овие спорстки објеккти ги користат сите граѓани“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Според најавите веќе била подготвена документацијата за изградба на спорстка сала во селото Обршани, како и ново повеќенаменско игралиште во истото населено место.

Share.

About Author

Leave A Reply