Честитка по повод денот на народното востание „11-ти Октомври“

0

Денес се навршуваат 75 години од народното востание против фашистичкиот окупатор, ден кога храбрите борци го трасираа патот кон Независна и слободна Република Македонија. Низ вековите македонскиот народ многу пати се дигал против тираните, но АСНОМЦИТЕ се тие кои ни ја подарија слободата во која живееме сега. Овие слободољупци оставиле аманет да ја чуваме со крв спечалената слобода на татковината, амантет кој треба да се цени и почитува. За нас Македонците Антифашистичката борба беше момент на национално будење, потврда дека сме спремни самостојно да ја одбраниме татковината, и самостојно да ги удриме темелите за независна република.

Овој голем празник е причина повеќе за да се потсетиме дека Македонија е, и секогаш била на страната на прогресот, слободата и демократијата.

За многу години нека ни е празникот и вечен спомен на загинатите борци.

Share.

About Author

Leave A Reply