Децата од Центарот за ран детски развој „Јаготка“ во посета на Градоначалникот

0

Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.

Денес децата од центарот за ран детски развој „Јаготка“ од населеното место Обршани, по повод неделата на детето го посетија Градоначалникот Тони Заткоски. Со пригодни подароци Градоначалникот ги дочека дечињата а тие од благодарност му подарија постер изработен со нивните рачиња. По посетата кај градоначалникот дечињата ја посетија полициската станица, противпожарната станица како и градинката Весело штркче каде се запознаа со своите другарчиња.dsc04048 dsc04054 dsc04058 dsc04073 wp_20161006_09_49_38_pro wp_20161006_10_02_26_pro wp_20161006_10_22_10_pro wp_20161006_10_22_18_pro

Share.

About Author

Leave A Reply