СВЕТСКАТА ТРКА ЗА МИР ПОМИНУВА НИЗ КРИВОГАШТАНИ

0

Глобалниот настан ТРКА ЗА МИР која опфајќа светски размери а секоја втора година ја обиколува Европа поминуваќи 24.000 километри , оваа година во својата рута ја вклучи и општина Кривогаштани каде на 24 Септември во 15 часот ќе пристигне во Кривогаштани. Сите заинтересирани кои имаат желба да се приклучат на тркачите може тоа да го направат на влезот во Кривогаштани кај бензиската пумпа на Макпетрол.

dsc03617

На 21 февруари 2016 година во Порто (Португалија) се одржa церемонијата за отварање на најголемата штафетна трка на мирот низ Европа „Шри Чинмој ЕдинствоДом Трка на Мирот““Sri Chinmoy OnenessHome Peace Run” (позната и како „Трка за Светска Хармонија“). Во нејзинататрета декада постоење, тоа е најголемиот и најдолгиот народен труд за мир на човештвото.
Интернационалниот тим од тркачи трча со запален факел како симбол на мир –подавајќи го од рака на рака и од срце на срце низцелаЕвропа. Се посетуваат училишта, општествени групи, организации од сите сфери на животот, лидери и спортисти, со цел да се споделат идеалите за охрабрување и подршка на другите и потикнување на единството и мирот во секојдневниот живот. Се трчаат повеќе од 24 илјади километри низ 49 европски држави со финиш во Рим на 7 октомври.
Визионерот за мир Шри Чинмој ја основа „Трката на мирот“ во 1987 во духот на љубовта, хармонијата и единството. Оттогаш со оваа иницијатива се посетени повеќе од 150 држави и се истрчани повеќе од 500 илјади километри. Едноставната порака на трката „Твој е првиот чекор!“ инспирираше милиони луѓе низ светот.
За време на трката тркачите поминуваат околу 100 километри на ден. Едно до две возила го следат тимот на тркачи кој со себе го носи факелот од град до град, со очекување дека секој тркач ќе покрие од 10 до 30 километри дневно.
Подржана од многу светски личности, меѓу кои беше и Мајка Тереза, претседателот Нелсон Мандела, нашите претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров. Карл Луис, поранешениот американски супер атлетичар познат под псевдонимот „Син на ветерот“ изјави: „Со носење на факелот, милиони граѓани прават чекор кон светска хармонија, и ги спуштаат социјалнте бариери кои оделуваат една нација од друга.“
Трката е непрофитен настан кој е организиран и финансиран целосно од волонтери, чија цел е да ги охрабри добрите односи помеѓу луѓето од сите нации. Не цели кон собирање на средства, ниту застапува некоја политичка цел. Секој може да учествува: спортисти и оние кој не спортуваат, млади и стари. Факелот може да се носи неколку чекори, неколку метри или неколку милји или пак само да се даде подршка на тркачите кои минуваат. За повеќе информации и напредок на тркачкиот тим посетете ја страницата „Live from the road“ на www.peacerun.org
Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply