Започна со реализација новата инвестиција во Кривогаштани во вредност од 1,5 милиони евра

0

Во општина Кривогаштани беше поставен камен темелникот за новата инвестиција вредна 1,5 милиони евра. Инвеститор е домашната компанија „ДООЕЛ Стефан“, која планира во погонот, кој започна да се гради во индустриската зона кај населеното место Славеј, да преработува зеленчук и овошје. Фабриката ќе се простирала на површина од 3.000 м2, а се планиралo градбата да заврши во текот на летото 2017 година. За почеток ќе се вработеле 50 луѓе, а било планирано во иднина таа бројка да достигне до околу 100 лица.

„Започнуваме со градба на халата во која ќе бидат сместени дел од коморите и дел од производствениот процес. Што значи дека суровиината ќе ја откупуваме од индивидуалните земјоделци, тука ќе ја земаме, ќе оди како готов производ. Оваа инвестиција е многу важна за нашата општина, особено за производителите на зеленчук, бидејќи производот навремено ќе им биде откупен, исто така и цените ќе бидат повисоки бидејќи откупот ќе си тече регуларно. Целото производоство е договорено да оди за европскиот пазар и помал дел за американскиот пазар“, вели Рубинчо Благадуша, инвеститор.

За 15-тина дена ќе стартува со работа погонот за преработка на зеленчук и овошје на фирмата „Бакалески промет“, инвестиција вредна околу 1 милион евра. Оваа фабрика се наоѓа исто во селото Славеј, во старото училиште и за почеток тие ќе вработеле околу 30 лица.

„Ќе откупуваме исклучиво пиперка, корнишони, феферони, зелки, а од следната година планираме да започнеме дел со овошје како што се сливите и праските. Нашите производи исклучиво ќе се пласираат на американскиот пазар. Оваа година, како прва година од нашето работење ќе откупиме околу 500 тони на зеленчук, а в година планираме тој откуп значително да се зголеми“, вели Бранко Петрески, управител на „Бакалески промет“.

Покрај овие две инвестиции пред неколку месеци, компанијата Везе Шари зеде под концесија 550 хектари земјиште кое го засади со пченка, а планира да отвори и фарма за добиток, кланица за бикови и сушара. Инвестиција која се планира да достигне 3 миилиони евра за 4 години.

Во последната една година во Кривогаштани се реализирани 3 инвестиции од земјоделскиот сектор кои чинат околу 5 милиони евра и кои за почеток ќе вработат околу 100 луѓе.

Заедно со веќе посточекиот погон стар неколку години за преработка на зеленчук во Кривогаштанми функционираат 4 вакви фирми чие производство е претежно за извоз.

„Капацитетите на сите овие 4 фабрики значат многу за економијата на општина Кривогаштани и поширокиот регион бидејќи во тој дел ќе се работи не само за вработување на локалното население туку бенефит ќе видат и самите производители на земјоделски производи бидејќи цената на самиот производ ќе биде за повеќе проценти повисока бидејќи се работи за фабрики кои директно ќе ги откупуваат производите од самите производители“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Поради зголемениот интерес на инвеститорите, општина Кривогаштани веќе донесе решение за проширување на посточеката ииндустриска зона кај Славеј, а ќе се формиираат и две нови, едната исто во близина на веќе посточеката зона, а другата кај населеното место Боротино.

08-27036dbc57 10-ce4a64577a 12-3db1d2f501 15 16

Share.

About Author

Leave A Reply