ЗАВРШИ ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО КРИВОГАШТАНИ

0

После 17 натпреварувачки денови и безмалку 50 одиграни натпревари вечерва заврши традиционалниот ноќен турнир во Кривогаштани.

Untitled design (21)
Традицијата во Кривогаштани продолжува, повторно игралиштето е собиралиште на сите генерации желни за фудбал после двегодишна пауза поради изградба на ново повеќенаменско игралиште во Кривогаштани.

8
Рекордниот награден фонд ги привлече фудбалерите ширум државата да бидат дел од овогодинешното издание на кривогаштанскиот турнир, општината го имаше главното покровителство на турнирот каде помогнаа и локалните фирми за реализација на успешен турнир.

Untitled design (3)
Екипата на Партизан го освои првото место на турнирот победувајќи ја екипата на Чао Кафе со 3-0 со што освои 60.000 денари, додека екипата на Чао Кафе заработи 30.000 денари. Во малото финале за 3 место борбата се одвиваше помеѓу екипите на Бучин и Роз Руб Транс каде поуспешна беше екипата Роз Руб Транс со 5-2 со што освои 15.000 денари.

Untitled design (20)
Градоначалникот на општината Тони Заткоски и гостинот од агенцијата за млади и спорт доделија Благодарници на судиската организација на турнирот како и Признание за посебен придонес во долгогодишната децениска организација на турнирот на Веле Дунимаглоски.

4
Индивидуалните награди ги понесоа Велески Оливер од екипата на Чао Кафе за најдобар голман на турнирот и играчот на екипата на Роз Руб Транс Веле Пејовски за најдобар поединец на турнирот за што градоначалникот на општината им врачи признание и статуетка за освоените одлики.

Untitled design (13)Untitled design (16)
Изразуваме благодарност до сите овогодинешни учесници на турнирот и со желба за уште една успешна организација, Догодина се гледаме на истото место.

10

Untitled design (15)

Untitled design (12)

Untitled design (2)

9

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply