Пријавување на доброволци за поплавените подрачја

0

Се известуваат жителите на Општина Кривогаштани кои сакаат доброволно да помогнат во рачистување на штетите настанати од невремето кое ја зафати околината на градот Скопје, од денес па се до петок 12.08.2016 се врши пријавување на доброволци на телефонските броеви 048 471 280 и 048 471 471 или во приемната канцеларија на општината од 08 до 16 часот секој ден. Тргнувањето на пријавените доброволци ќе биде пред општинската зграда во сабота во 7 часот. Доброволците потребно е со себе да понесат чизми и лопати. Исто така доколку некој сака да донира пунктот пред просториите на противпожарната станица е отворен секој ден од 08 часот па се до 20 часот. Општината до сега помага со разположливи средстав и ресурси, веќе на терен за расчистување има и доброволци од целата општина па и вие бидете хумани и помогнете.невреме

Share.

About Author

Leave A Reply