Во Кривогаштани има сериозна градежна експанзија – се завршуваат проекти вредни над три милиони евра

0

Изградба на улици, канализации, значајни објекти за младите како што е спортската сала и мутифункционално игралиште, потоа сточен пазар, плоштад… Сево ова се гради во општина Кривогаштани, прилепско, каде што е во полн ек градежна експанзија во инфраструктурата. Се завршуваат проекти коишто вредат над три милиони евра или околу 200 милиони денари.

13614996_1353943757954096_2467970699855816509_n

– Станува збор за една сериозна градежна инфраструктурна експанзија која што е реализирана со помош на Владата, но во најголем дел со енергијата на градоначалникот општината Кривогаштани и другите населени места се претворија од една поруинирана и рурална општина во посовремена рурална општина, која што мислам дека и сега, но уште повеќе за една година или две  ќе биде пример за многу други рурални општини кои се во една потешка состојба. Општина Кривогаштани покажува како е можно за кратко време од три – четири години со многу залагање на градоначалникот, на општината, но и на привлечената помош од централната власт и други донатори да се дојде до толку многу проекти коишто во исто време се градат, да се дојде до толку многу решени прашања на граѓаните – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при денешната посета на општина Кривогаштани.

Додаде, дека дел од прашањата и проблемите на граѓаните кои што порано не биле решени сега се решаваат. Претходно, рече, немало градинка сега таа е изградена. Имало руинирано училиште кое сега е комплетно обновено. Немало спортско игралиште, ниту пак  спортска сала или била целосно руинирана, а многу улици биле во многу лоша фаза. Немало, додаде Груевски, ниту Брза помош која сега ја има во општината, а отворени се и седум подрачни единици кои во минатото не постоеле.

gruevski-izjava-krivogastani-640x294

– Не можам да ги набројам сите затоа што е долга листата на работи кои што се завршени. Се гради и регионалниот пат од Градско до Прилеп кој е дополнителна инвестиција значајна за овој регион, а вредна 70 милиони евра. Патот е значаен за овие луѓе што живеат тука, бидејќи секое нивно заминување кон Скопје или некој друг дел од земјата води низ тој пат. Тој е значаен и за инвеститорите, бидејќи за да стасаат до општината мора да поминат по него, истакна Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Во овој пат, како што рече, се инвестираат 70 милиони евра за тој да се претвори во експресен пат што, како што потенцира, е многу значајно за Кривогаштани, но и за целиот регион.

– Тоа е нова дополнителна инвестиција која ќе го подобри квалитетот на живеење односно на патување на луѓето што живеат тука. Има и друг регионален пат кој е во должина од десет километри и е во завршна фаза, а поврзува неколку населени места во оваа општина, така што наскоро ќе биде пуштен во употреба.

13626474_1353942684620870_2933520753335009208_n

Овој пат, како што појасни Груевски ќе биде завршен веднаш по изградбата на канализациската мрежа во Крушеани. Во општината во завршна фаза е изградбата на училишната спортска сала и адаптацијата на градинка, изградени се повеќе улици во повеќе населени места, отпочната е постапката за изградба на зелен пазар, а се гради и нов плоштад во Кривогаштани. Генерално, како што посочи Груевски станува збор за многу значајни проекти за жителите на општина Кривогаштани со нејзините населени места и за подобрување на условите за живот во оваа општина.

– Проекти кои се пример за нашата посветеност како партија за развој на оваа општина и овој регион што конкретно се гледа и преку овие инвестиции и другите реализирани проекти и преку одличната работа и соработка на министерствата и на градоначалникот.

По посетата на Крушеани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го посети селото Бучин каде оствари увид во активности при изградба на спортска сала и повеќе улици, на реконструкција на секундарна водоводна мрежа, а оствари и средба со жителите на ова село.

ИЗВОР: Република.мк

 

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply