ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА МОДЕРНИЗАЦИЈА

0

Општина Кривогаштани со реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти, целосно го промени изгледот на централното подрачје на општината, со што Кривогаштани конечно доби изглед достоен за општина која доживува забрзан развој, постигнат со имплементација на низа проекти во кои се опфатени сите населени места во општината.

plostad , jarbol, bilbord

Патишта, улици, плоштади, канализациони мрежи, тротоари, игралишта, се само дел од капиталните проекти кои ги спроведе општината во изминативе неколку години со што сосема заслужено го доби епитетот на една од најуспешните општини во државата.

1

Изработена е нова фасада на ПП домот во центарот на Кривогаштани откако тој доби нова покривна конструкција со што се постигна современа функционална целина за напречено функционирање на службите и организациите кои се сместени во таа зграда.

DSCN9997

Додека се очекува започнувањето на градежните активности за изградба на термоизолациона фасада на општинската зграда, општината целосно го уреди нејзиното окружување со модерен плоштад, паркинг простор како и  простор за истакнување на општински и национални обележја.

3

Откако се постави триесет метарскиот јарбол во центарот на Кривогаштани, општината веднаш презеде активности за довршување на тротоарот околу поставениот јарбол на кој е поставена билборд-мапа со културно-историски знаменитости на општината, а наскоро започнува и  реализацијата на уште еден проект на таа површина за добивање на една функционална целина.

2

 

 

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply