ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ’’ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ ЈА ИСПРАТИ СВОЈАТА ВТОРА ГЕНРАЦИЈА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

0

Денес по повод завршувањето на предшколската подготовка на дечињата од градинаката ’’ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ од Кривогаштани, се одржа свечена церемонија  со која помалите дечиња ги испратија своите другарчиња кон нови предизвици во основното училиште.

 13433336_10206336094221808_3327830674634764781_o

Ова е втора генерација дечиња кои произлегоа од градинката ’’ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ стекнати со многу знаења кон своето понатамошно образование. Тие денес се поздравија со своите другарчиња и наставнички на кои се заблагодарија за пренесеното знаење со повеќе песнички.

13443103_10206336090021703_9215909045283431590_o 

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски кој исто така присуствуваше на церемонијата,  не го криеше своето задоволство што младите во општината имаат прилика да се образоваат и другаруваат на својата предшколска возраст за што претходните генерации немаа таква можност. Дечињата имаат прекрасни услови во градинката за непречено стекнување на нови знаења.

13422351_10206336091781747_2169616837119900795_o

13415635_10206336106022103_8742952098134745865_o

13412895_10207162894810526_1109980628406762482_n

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply