ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА СПОРТСКА САЛА ВО КРИВОГАШТАНИ

0

Новата спортска сала во дворот на основното училиште Манчу Матак во Кривогаштани веќе го добива својот изглед. Активностите кои започнаа при крајот на минатата година сега веќе стигнуваат до самиот крај, каде за неколку месеци жителите на општината ќе имаат на располагање нова спортска сала.

DSCN0424

Самата инвестиција изнесува 24.000.000 денари кои општина Кривогаштани ги обезбеди преку Министерството за образование и наука со што општината за прв пат доби објект од ваков вид со што учениците, младите и спортистите од целата општина ќе добијат место за непречени спортски активности за време на зимскиот период од годината.

DSCN0426

Во последните неколку години во општина Кривогаштани значително се подобри спортската инфраструктура со што на младите им се отвори поголем простор за спортски активности.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply