ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

0

Врз основа на  член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015 и 31/2016), Градоначалникот на Општина Кривогаштани распишува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ТЕРИТОРИЈТА НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЗА 2016 ГОДИНА

Сите заинтересирани физички и правни лица во текот на треањето на јавниот повик можат да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Македонија бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015 и 31/2016).
Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае 30 дена од 05.05.2016 г. до 03.06.2016 г.
Јавниот повик ќе биде објавен во еден дневен весник, на интернет страната на Општина Кривогаштани, www.krivogastani.com, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на Општина Кривогаштани.
Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на одделението за  урбанизам и заштита  на животната средина на  Општина Кривогаштани  или во електронска форма преку  информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.
За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат предвидени  во Годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Кривогаштани за 2016 година.
Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

Бр. 09 – 897 /1

03.05.2016 год

Кривогаштани

 

 

    Градоначалник на  Општина Кривогаштани

                     Тони Заткоски

 

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply