ИЗВЕСТУВАЊЕ

0

Центарот за ран детски развој за деца од предшколска возраст кој ќе функционира во кругот на ОУ Јонче Смугрески во Обршани а ќе ги опфаќа населените места Обршани, Воѓани, Бела Црква, Пашино Рувци и Боротино започнува со своето функционирање. Центарот ќе работи во неколку смени во зависност од бројот на пријавени деца. Возраста на децата кои ќе го посетуваат ценатарот треба да биде од 3 до 6 години а дневниот престој ќе трае најмногу 3 часа за што надоместокот изнесува 400 денари месечно.

Се известуваат сите родители кои се заинтересирани да ги запишат своите деца во центарот, да започнат со подготовка на потребната документација за запишување на децата.

Потребните документи за запишување на децата се:

  1. Потврда од матичен лекар
  2. Брис од нос и грло

За сите дополнителни информации и доставување на документите, заинтересираните да се обратат до Директорката на ОУ Јонче Смугрески најдоцна до 28.03.2016 година.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply