КРИВОГАШТАНИ ЌЕ ДОБИЕ ДВЕ НОВИ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ, А ЌЕ ЈА ПРОШИРУВА И ПОСТОЕЧКАТА

0

Поради огромниот интерес на бизнисмените за инвестирање во општина Кривогаштани, локалната самоуправа подготвува урбанистичко планска-документација за изградба на уште две нови индустриски зони, покрај веќе постоечката зона во близина на селото Славеј. Едната зона ќе биде во атарот на селото Боротино, а другата ќе биде исто така во близина на селото Славеј. Со ова општина Кривогаштани станува една од ретките рурални општини во Македонија кои ќе имаат дури 3 индустриски зони.

„Поради интересот на бизнисмените кој рапидно расте за инвестирање во нашата општина, одлучивме да го зголемиме бројот на индустриски зони и да им излеземе во пресрет на компаните. Едната зона ќе се гради во близина на село Боротино и таа ќе се простира на површина од 4 хектари, а другата ќе биде исто како и првата во близина на селото Славеј, и таа ќе се простира на површина од 5 хектари. Освен тоа одлучивме и веќе постоечката зона кај Славеј од посточеките 6 хектари да се прошири на уште дополнителни 7 хектари“, вели Тони Заткоски, градоначалник на општина Кривогаштани.

Инаку 11-те парцели во првата зона кај Славеј, беа експресно распродадени. На првите 3 парцели кои ги купи фирмата „Кривогаштани промет“ таа веќе отвори погон за производство и преработка на зеленчук, а другите 8 парцели ги купи фирмата „Дооел Стефан“ која наскоро треба да започне со градба на својот погон исто така за преработка на зеленчук. Во двете нови зони, плус проширувањето на првата ќе има на располагање вкупно 15 градеќни парцели, кои ќе бидат наменети за изградба на фабрики и погони за лесна и незагадувачка индустрија.

Со овој проект за 2 нови индустриски зони како и со локацијата за изградба на 100 нови индивидуални стамбени објекти наменети за проектот на Владата „Купи куќа за млади“ општина Кривогаштани учествуваше и на саемот за градежништво во Скопје.

„За проектот на Владата „Купи куќа за млади“ општина Кривогаштани експресно обезбеди локации за изградба на 100 нови индивидулани стамбени објекти во месноста наречена „Крајни рид“ која се наоѓа покрај самиот регионален пат на излезот од Кривогаштани кон Крушево. Кривогаштани беше една од 14-те општини од Македонија кои учествуваа на овој саем.

kri3mladibor6borotinovrbjani 12312

Share.

About Author

Leave A Reply