ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ СО СВОЈ ШТАНД НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

0

Од 1 до 5 Март на Скопскиот саем ќе се одржи саем за градежништво на кој свое учество ќе земе и општина Кривогаштани во друштво на 13 други општини од државава, кои ќе ги претстават своите проекти за продажба на земјиште за изградба на стамбени објекти како и градежни парцели во индустриски комплекси за изградба на инфраструктурни објекти за инвестирање во индустриските зони.

Со ова општината ги поттикнува младите и оние кои имаат нерешено стамбено прашање да се одлучат да живеат во општина Кривогаштани, општина која има забрзан развој и гарантиран напредок што придонесува за квалитетен живот за оние кои ќе се одлучат да купат парцели за изградба свој дом на понудените локации како и поволни локации за сите заинтересирани инвеститори кои сакаат да градат свој бизнис на територијата на општина Кривогаштани.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply