ЈАВНА ПОКАНА

0

Врз основа на член 29 став 1 Од Законот за даноците на имот (Службен весник на РМ бр.61/04,92/07,102/08,35/11,53/11,84/12,188/13,154/15 и 192/15) и член 3 став 1 точка 1 од Законот за комунални такси (Службен весник на РМ 61/04, 64/05 и 92/07), Општина Кривогаштани истакнува:

Ј А В Н А П О К А Н А
За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2016 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма(назив) на деловна просторија односно деловна единица за 2016 година.

Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2016 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:

1. Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2015 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)

2. Имот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.)

3. Имот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.)

4. Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои досега воопшто не добиле решение за даночната обврска.
Даночната пријава се поднесува до Општина Кривогаштани – Одделение за финансиски прашања – кај лицето задолжено за локални даноци и комунални такси Даниела Лукароска најдоцна до 31 Јануари 2016 година.
Напомена: Даночниот обврзник кој има поднесено даночна пријава во предходниот период и по која добива решение за данок на имот, доколку нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува даночна пријава.
Даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определениот рок по оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноците на имот.
Пријава за утврдување на комунална такса за фирма(назив) на деловна просторија односно деловна единица поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правни лица) и тоа за:

1. Регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за вршење на соодветна дејност кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.

2. Таксените обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма(назив) на деловна просторија односно деловна единица кај кои настанале промени.

Одделение за финансиски прашања

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply