19 ГОДИНИ ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0

Денес општина Кривогаштани одбележа 19 години од своето успешно постоење во присуство на голем број на гости, пријатели и луѓе кои безрезервно ја даваат својата поддршка за развојот на општината. Се разбира најзаслужниот за она што денес претставува општината, актуелниот Градоначалник на општина Кривогаштани Г-дин Тони Заткоски го отвори настанот, се заблагодари на присутните за своето залагање и поддршка и додели Благодарници и ваучери на истакнати поддржувачи и амбасадори на општината од областа на образованието, спортот, културата, бизнисот и другите свери на општественото живеење.

Општината денес ги награди своите истакнати наставници од двете основни училишта во општина Кривогаштани Сотир Нешкоски и Злата Стефаноска и постхумно се заблагодари на еден од најдобрите наставници кој ја имал привилегијата да биди дел од колегиумот при ОУ Манчу Матак и ОУ Јонче Смугрески, човекот кој никој ученик нема да го заборави Драги -Дади Петрески. Благодарници за својата дејност добија фудбалските клубови Младост и Партизан кои години наназад ја претставуваа општината на регионално ниво како и КУД Илинден кој секоја година е амбасадор на општината на меѓународно ниво.

Градоначалникот од свое лично име и името на општината се заблагодари на претпријатијата кои се подкрепа на општината и секогаш тука за нејзините потреби. Исто така денес советот на општина Кривогаштани одржа свечена седница на која присуствуваа сите советници како и градоначалникот и членови на администрацијата од општина Кривогаштани на која се заокружи уште една успешна измината година со желби за уште поуспешна јубилејна дваесетта.

DSCN9232DSCN9294DSCN9289DSCN9321

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply