ДЕДО МРАЗ ГИ ПОСЕТИ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И ГРАДИНКАТА ВО КРИВОГАШТАНИ

0

Денес Дедо Мраз ги посети двете основни училишта и детската градинка во општина Кривогаштани и ги израдува првачињата на кои градоначалникот на општината им додели новогодишни пакетчиња. Учениците за возврат подготвија новогодишни песнички со кои се заблагодарија за добиените поклони. Исто така традиционално денес сопругата на градоначалникот на Општина Кривогаштани Силвана Заткоска донираше детски играчки за дечињата од детската градинка ’’ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ со што ги израдува најмалите дечиња во општината.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply