Home / БУЏЕТ / СЕ ОДРЖА ПЕТТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СЕ ОДРЖА ПЕТТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Доцна синоќа се одржа петтата форумска сесија од програмата форуми во заедницата која се спроведува во Општина Кривогаштани со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка со подршка на ЗЕЛС и ЕКФ. На оваа форумска сесија се изврши гласање и приоретизирање на предлог проектите од граѓаните каде право на глас имаше секој граѓанин кој присуствувал на најмалку 3 форумски сесии. Граѓаните на општината дадоа приоритет на капиталните инфраструктурни објекти како патишта и канализациони мрежи во своите населени места. Во оваа програма предвидено е да се одржи уште една форумска сесија во втората половина на идната година каде што граѓаните ќе имаат можност да ја оценат реализацијата на сега предвидениот буџет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*