ОБЈАВА – ЕЛЕКТРОНСКИ НАДДАВАЊЕ ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

0

Врз основа на Законот за користење и располагање со стварте во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на Р.М. бр.78/15 и 153/15) и Oдлуките донесени од страна на Советот на Општина Кривогаштани бр.08-2408/4 од 15.09.2015г. и 08-2694/12 од 30.10.2015г. Комисијата за недвижни и движни ствари на Општина Кривогаштани објавува

ОБЈАВА бр.4/15
За електронско јавно наддавање
За продажба на недвижен имот во н.м.Славеј и н.м.Обршани, сопственост на Општина Кривогаштани-објава по втор пат

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронско јавно наддавање е сладниот недвижен имот:
Објект-деловна зграда на КП 371 во н.м.Славеј КО Врбјани и објект-амбуланта на КП бр. 1990 во н.м.Обршани КО Обршани двата во сопственост на Општина Кривогаштани и тоа:

Р.Бр Адреса Вид и намена КП , КО и ИЛ Површина Почетна цена Банкарска гаранција 2%
1 Н.м Славеј Објект деловна згрда 4намена В4-8 органи на локална самоуправа КП бр. 371 КО Врбјани ИЛ. 546 239 m2 1.301.094 денари 26.022 денари
2 н.м Обршани Објект-амбуланта зграда 3 намена В2 здравство КП бр. 1990 ИЛ бр.1016 136 м2 1.527.917 денари 30.558 денари

ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижнини и ствари на територијата на РМ.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање, комплетирана со следните докази.
– за физички лица-уверение за државјанство,
-за домашни правни лица- тековна состојба од Централен регистар на РМ,
-за странски правни лица-доказ за регистрација од соодветниот регистар на земјата каде се регистрирани
-банкарска гаранција
-e-mail адреса на подносителот, преку која ќе бидат испратени корисничко име и лозинка за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена на електронското јавно наддавање за недвижностите предмет на продажба е утрдена во табеларниот преглед даден во оваа објава.
Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку има најмалку еден учесник кој ќе ја наддаде почетната цена.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на електронското јавно наддавање за недвижностите предмет на продажба изнесува 2% од почетната цена и износот е утврден во табеларниот преглед даден во оваа објава.
Банкарската гаранциија за сериозност на понудата на најповолниот понудувач ќе му се врати во рок од 15 дена од денот на уплатата, а банкарската гаранција на останатите понудувачи ќе им се врати во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање.

РОКОВИ
Пријавите за учество на електронското јавно наддавање можат да се достават од 07.12.2015 до 17.12.2015 г. на следната e-mail: www.e-stvari.mk
Електронското јавно наддавање ќе се изврши на следната интернет страница www.e-stvari.mk на ден 21.12.2015 година (понеделник) за недвижноста под точка 1 со почеток во 10,00 часот, а за недвижноста под точка 2 со почеток во 12 часот.

ПОСТАПКА
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисија за недвижни и движни ствари формирана од Градоначалникот на Општина Кривогаштани.
Комисијата ги известува подносителите на пријави за комплетноста на истите по електронски пат во рок од три дена од денот на поднесувањето на пријавата и на подносителите кои имаат комплетна документација им доставува корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, додека на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување дека истите нема да учествуваат на електронското јавно наддавање.
На денот на одржувањето на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страницата со корисничкото име и и шифра кои ги добиле од страна на комисијата.
Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник кој ќе ја наддаде почетната цена.

Јавното наддавање се смета за завршено со истекот на врмето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути и тоа неограничено се додека во временскиот интервал од две минути има нова понуда, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Учесникот кој на јавното наддавање понудил највисока цена се стекнува со статус на најповолен понудувач.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на Трезорска сметка 100-0000000630-95, Банка на примачот НБРМ, уплатна сметка 840-139-06548, приходна шифра 731117 и програма 00 во согласност со постигнатата крајна цена на продажбата, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно електронско јавно наддавање за предметните ствари.
Со најповолниот понудувач во рок од пет работни денови по извршената уплата се склучува договор за продадените ствари, во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај Нотар заради вршење на солемнизација.

Нотарските трошоци и трошоците за запишување на правата на недвижностите во Агенција за катастар на недвижности се обврска на купувачот.
Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на електронското јавно наддавање, во рок од три (3) дена од одржувањето на електронското јавно наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од (5) дена од приемот на приговорот.

Оваа објава ќе биде објавена и на web страната на Општина Кривогаштани.

Комисија за недвижни
и движни ствари на
Општина Кривогаштани

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply