КАМПАЊА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

0

Стоп за сите видови насилство врз жените и девојчињата под ова мото оваа година се одбележа кампањата против насилството врз жените и девојчињата.

Од огромна важност е да се даде значење на овој настан особено кај најмладите за да можат уште од помала возраст да реагираат и да се спротивставуваат на секаков вида на насилство врз жените и девојчињата. По овој повод во основно Училиште ,,Манчу Матак’’ Кривогаштани се одржа работилница на која што активно учество зедоа учениците од деветто одделение.

Преку презентација од страна на нивниот психолог беа објаснети сите видови на насилство, што значи насилството, како да го препознаат насилството и кои мерки треба да ги преземат во случај да бидат жртви или сведоци на насилство. Потоа преку разработка на замислени примери самите оценуваа дали во конкретниот случај постои определен вид на насилство, доколку постои за кој вид на насилство станува збор и на кој начин треба да се разреши определената ситуација.

Од огромно значење е што учениците се свесни за постоење на насилството од било кој вид и исто така многу добро размислуваат за начинот на кој што треба да постапуваат во такви случаи, што е резултат кој во иднина ќе вроди со плод.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply