Добиени средства за изградба на паркинг на зелен пазар во Кривогаштани

0

Општина Кривогаштани добри финансиски средства за изградба на паркинг на зелениот пазар во Кривогаштани во висина од 537.000 денари, со кои средства ќе се изгради паркингот веднаш до зелениот пазар со вкупна површина од 210 м2. Средствата се обезбедени преку Бирото за регионален развој , додека преку Грант од ИПА  општината обезбеди средства за реконструкција и адаптација на општинската зграда, изградба на зелен пазар со пазар за млечни и сувомеснати производи и инсталација на енергетски ефикасни ЛЕД светилки за улично осветлување во висина од 260.000 евра. Општината веќе отпочна тендерска постапка за реализација на овај проект и кога ќе го додадеме сточниот пазар чија реализација е во последната фаза, Кривогаштани ќе го добие најмодерниот пазарен комплекс во државата што се очекува во голема мера да допринесе за развојот на општината.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply