ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ДОДЕЛИ СПОРТСКА ОПРЕМА НА ДВЕТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

0

Денес Градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски ги посети учениците на двете основни училишта во општина Кривогаштани доделувајќи им спортска опрема во топки и дресови. Општината со овај потег само го потврди безрезервното залагање за најмладите односно иднината на самата општина. Учениците ќе имаат прилика користејќи ги дресовите и топките да го развиваат својот натпреварувачки и спортски дух и одржувајќи здраво тело и здрав дух. Покрај тоа во моментов во ОУ Манчу Матак во тек е изградба на спортска сала која се очекува да биде готова во текот на идната година, и упорно се работи на изнајдување на средства за изградба на спортска сала во ОУ Јонче Смугрески во Обршани. Општината на чело со градоначалникот Тони Заткоски и понатаму ќе продолжи да го помага образованието и овозможувањето на услови за непречен развој на иднината на општината.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply