,, КЛИМАТА СЕ МЕНУВА, ОД НАС ЗАВИСИ ’’ КАРАВАНОТ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО ПЕТОК ВО КРИВОГАШТАНИ

0

Општина Кривогаштани и  Милиеуконтакт Македонија имаат чест и задоволство да Ве покани да присуствувате на претстојната кампања за подигнување на јавната свест за климатските промени и нивните влијанија врз локалната средина, која во Кривогаштани ќе се случи на 06 Ноември со почеток во 13 часот во ценатарот на Кривогаштани на бината до општинската зграда. Кампањата  се реализира во  пет викенди под мотото “Климата се менува, од нас зависи” таргетира млади луѓе на возраст меѓу 10 и 17 години во десетте општини каде што се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце. Кампањата ќе трае до 15 ноември. Очекуваме кампањата да ја подигне свеста кај младите луѓе за глобалните климатски појави и нивните негативни ефекти врз локалната средина. Преку кампањата, младите ќе бидат информирани за начините на човековото однесување кои во голема мера придонесуваат до појава на климатските промени, како и за индивидуалните напори со кои сите ние можеме да ги намалиме нивните негативни ефекти на локално ниво. Двочасовните настани, кои се дел од кампањата во секоја општина, ќе бидат предводени од популарните медиумски личности Жарко Димитриоски, автор и продуцент на емисијата “Еден На Еден”, Бранко Огњановски, поранешен член на “К-15 “и Нертила Дика, поранешна водителка на Алсат-М Телевизија. Преку интерактивен пристап, водителите ќе се потрудат да покренат интерес кај младата публика да земе активно учество во иновативните игри и лекции на тема климатски промени. Нашата порака е: климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници. Локалните граѓани, исто така, за прв пат ќе се запознаат со единствената еколошка училница на тркала во Македонија – зелениот камион, како еден од уникатните елементи во рамките на кампањата на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Проектот се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија во партнерство со 10 граѓански организации и 10 општини во Македонија. Ќе ни претставува особена чест доколку ја прифатите нашата покана за присуство на Кампањата за подигнување на јавната свест за климатските промени “Климата се менува, од нас зависи”.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply