ПРОСЛАВЕН ПРВИОТ РОДЕНДЕН НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ ВО КРИВОГАШТАНИ

0

4-ти Ноември 2014 година во Општина Кривогаштани за прв пат од своето постоење започна со работа првата детска градинка ,,ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ во населено место Кривогаштани. По тој повод денес беше прославен првиот роденден на градинската каде што присуствуваа голем број на гости, родители и градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски. Една година успешно постоење на градинката веќе дава резултати во стекнатото знаење кај најмалите како и задоволството на родителите што ја имаат честа своите дечиња да се дружат и образоваат уште од најрана возраст. Општината покрај оваа градинка веќе е длабоко навлезена во реализација на прокет за отворање на дневен центар за деца од предшколска возраст во населеното место Обршани, каде што ќе се адаптира простор за благодетот да го почувствуваат и дечињата кои не беа во можност да се запишат во веќе постоечката градинка. Општината и понатаму продолжува несебично да вложува во најмладите и својата иднина со реализација на уште повеќе проекти во сверата на образованието.

Share.

About Author

Leave A Reply