Врачени 180 времени решенија за инфраструктурни проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година

0

Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на градоначалниците од осум плански региони им беа врачени 180 времени решенија за инфраструктурни проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Општина Кривогаштани е една од општините која исто така доби решенија за инфраструктурни проекти, односно за проектите:

-Изградба на улица „Никола Карев“ 1 фаза – коловоз и тротоари во вредност од 6.791.571,00 ден.

-Изградба на улица „Никола Карев„ Атмосферска канализација во вредност од 1.681.247,00 ден.

-Изградба на улица „Едвард Кардељ „(ново име Македонски Просветители)-1 фаза 194,86м

1 фаза –коловоз и тротоариво вредност од 3.593.643,00 ден.

-Изградба на улица „Едвард Кардељ „(ново име Македонски Просветители)-1 фаза 194,86м

1 фаза- атмосферска канализација во вредност од 364.113,00 ден.

-Изградба на улица „Едвард Кардељ „(ново име Македонски Просветители)-крак покрај градинка од км 0 +000 до км 0 +140 и од км 0+240.48 до км 0+342,21 во вредност од 4.141.120,00

-Изградба на улица с. Славеј –фаза 3 од км 0+575 до км 0+700 во вредност од 949.317,00 ден.

-Изработка на Основен проект за улица „Никола Карев„ во вредност од 36.495,00 ден.

Или вкупна вредност на инвестицијата 17.557.547 ден.

Изградба на канализациона мрежа за н.м Славеј и крак во н.м Крушеани со вкупна сума од околу 20 милиони денари.

Покрај средствата од АФПЗРР општина Кривогаштани обезбеди средства за партерно уредување на општинска Зграда со нов плоштад како и средства за доградба на канализациониот систем во н.м Крушеани со што ќе се добие една функционална целина.

Сите овие проекти чија реализација започнува во најкраток временски период изнесува приближно 820 000 илјади евра.

Повеќе од општините имаат и по три времени решенија, а максималната вредност на инвестиција, на проект е до 20 милиони денари. Годинава има 208 доставени барања, а 180 во моментов се финасираат како времени решенија, рече Билјана Вуковиќ, в.д. директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Таа информира дека по добивањето на овие времени решенија, општините спроведуваат тендерска постапка, јавна набавка и по склучување на договор со економски оператор доаѓаат во Агенцијата да го склучат договорот за финансиска поддршка. Ја реализираат инвестицијата и ги добиваат парите кои им се надоместуваат 100 отсто.

– Учествуваа сите општини, од осум плански региони. Од тоа што беше сработено по административната контрола утврдивме дека соодветни за финасирње се 180 проекти од околу 60-тина општини и осум плански региони. Вкупната одобрена вредност на овие проекти е две милијарди и 55 милиони денари, нагласи Вуковиќ.

Забележителен е, како што посочи, трендот на се поголема заинтересираност на руралните општини за доставување проекти за користење средства за вакви инфраструктурни инвестиции. Додаде дека оваа мерка се спроведува од 2009 година, обично преку една година бидејќи се работи за проекти на кои им треба време за реализација, од една до три години.

– Се уште имаме проекти од 2013 година кои се во фаза на реализација. Тоа се претежно проекти за изработка на урбанистички планови, за кои постапката долго трае, рече Вуковиќ.
Во 2013 година биле доставени 178 барања, а одобрени 134. Вкупната вредноста на склучени договори по овие барања била милијарда денари.

Share.

About Author

Leave A Reply