Home / Проекти / Целосно завршена изградбата на повеќенаменското игралиште во Општина Кривогаштани

Целосно завршена изградбата на повеќенаменското игралиште во Општина Кривогаштани

Во текот на вчерашниот ден целосно беше завршена изградбата на новото повеќенаменско игралиште во Кривогаштани. Сите градежни и технички работи целосно се завршени и се очекува во текот на идната недела истото да биде и технички предадено во владение на општината. Инвестицијата од Агенцијата за млади и спорт изнесуваше 9.000.000 денари или околу 150.000 евра, инвестиција од која младите во општината ќе имаат најголем бенефит. Општина Кривогаштани тука не престанува да инвестира во најмладите и својата иднина така што ќе продолжи да се стреми кон реализирање на уште повеќе проекти и игралишта во сите населени места во општината каде младите ќе го градат својот натпреварувачки и спортски дух и здрав начин на живеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*