ЦЕЛОСНО ЗАВРШЕНА ИЗГРАДБАТА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0

igralisteВо текот на вчерашниот ден целосно беше завршена изградбата на новото повеќенаменско игралиште во Кривогаштани. Сите градежни и технички работи целосно се завршени и се очекува во текот на идната недела истото да биде и технички предадено во владение на општината. Инвестицијата од Агенцијата за млади и спорт изнесуваше 9.000.000 денари или околу 150.000 евра, инвестиција од која младите во општината ќе имаат најголем бенефит. Општина Кривогаштани тука не престанува да инвестира во најмладите и својата иднина така што ќе продолжи да се стреми кон реализирање на уште повеќе проекти и игралишта во сите населени места во општината каде младите ќе го градат својот натпреварувачки и спортски дух и здрав начин на живеење.

Share.

About Author

Leave A Reply