Еколошки дозволи

Барања за еколошки дозволи

 

Документи потребни за добивање на Б интегрирана еколошка дозвола

 

Согласно Законот за животна средина, од 1 Јануари 2006 година почна имплементацијата за новите законски обврски за индустријата, а кои се однесуваат на Интегрирано спречување и контрола за загадување. Овој систем на дозволи е опфатен со две глави во законот, глава XII – Интегрирани Еколошки Дозволи и глава XIV – Дозволи за усогласување со оперативни планови.

 

Рокот за поднесување на барања за А интегрирана еколошка дозвола веќе започна и првото шестомесечје се однесува на инсталациите за производство и преработка на метали, како и за штавење кожа (01.01.2006 до 01.07.2006).

 

Распоредот за поднесување на барања за А интегрирана дозвола за целата индустрија е определен со Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план (Сл.Весник 89/05)

УРЕДБА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ НА ИНСТАЛАЦИИТЕ

 Операторите на постоечките инсталации треба да поднесат барање за дозвола за усогласување со оперативен план. Видот на документот (А или Б) зависи од капацитетот на инсталацијата. За нови инсталации се поднесува барање за интегрирана еколошка дозвола.

Според видот на инсталацијата и целта на барањето можете да преземете еден од следните документи. Документите потребни за поднесување на барање и добивање на дозвола се:

Образец за оперативен план

Образец за поднесување на барање за Б интегрирана еколошка дозвола

Образец за поднесување на барање за Б дозвола за усогласување